По повод 8 март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе биде организиран музичко креативен настан „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“, 2021.
Во склоп на настанот ќе биде организирана традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Најмалите, децата од градинките изработија, честитки и цртежи поврзани со темата, мајка, жена во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки, жената и која е нејзината улога во нивниот живот.
Како и секоја година на оваа манифестација, како гостин, имаме жена, мајка, сопруга, која раскажува за нејзината работа и професија, односно дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.
Оваа година гостинка беше Маја, која работи како зоо неговател во Зоолошката градина.
Изложбата со детските творби е поставена во просториите на ДКЦ „Карпош“ и сите кои сакаат да ги погледнат прекрасните дела направени од малите рачиња на дечињата ќе може да го погледнат видеото кое ќе се прикаже онлајн на 8.3.2021 година во 10:30 часот на ФБ страната и YouTube каналот на Центарот.