По повод 8 март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ ќе биде организирана традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Децата од градинките изработуваат, честитки и цртежи поврзани со темата, мајка, жена во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки, жената и која е нејзината улога во нивниот живот.
Изложбата ќе биде отворена во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 8.3.2016 година со почеток во 10:00 часот.
За децата од градинките е организирана пригодна програма.