Во Детскиот културен центар -„Карпош“ ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки со тема - „Цртам за мојата мајка“ изработени од деца од детските градинки од Градот Скопје.
Изложбата се одржува по повод 8 март Денот на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.
На наша покана до сите градинки, пристигнуваат ликовни творби кои ги изработуваат децата од кои може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жената и која е нејзината улога во нивниот живот.
За децата од градинките е организирана пригодна програма, претставување на дипломиран полициски службеник, Катерина Стојкова-Главен инспектор за превенција во СВР Скопје, која ќе им раскаже за нејзината работа како полицаец односно ќе им раскаже дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.
Изложбата ќе биде отворена во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 08.03.2023 година со почеток во 10:00 часот.