Детскиот културен центар – „Карпош“, Скопје четврта година по ред од 15 – 18 април го организира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“, што се одржува под покровителство на Град Скопје.
Фолклорната култура е човечки израз за да се опише начинот на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство кое е неизоставен дел од развојот на децата, кои се развиваат и усовршуваат наоѓајќи сопствен изворен уметнички јазик.
На уникатен и единствен начин се запознаваме со сличностите и разликите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел.
вели директорката Билјана Лалчевска Серафимовска.
Преку звукот на народните инструменти, додава таа, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Инструментите на моите предци