Детскиот културен центар – „Карпош“ покрај 75 годишниот јубилеј на Центарот, оваа година исто така по петти јубилеен пат ќе го организира Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“. Фестивалот започнува од 11 до 13 април и се одржува под покровителство на Град Скопје.
На 11.04 од 19:00 до 20:30 часот во КИЦ, Салон 19/19 ќе се одржи Ревијалниот дел, каде публиката ќе има чест да ги слушне звуците на македонските традиционални музички инструменти хармоника, тамбура, кавал, кларинет, гајда, тапан.....Нумерите кој ќе ги слушне скопската публика ќе бидат изведени од комисијата на натпреварите, познати македонски виртуози. Исто така оваа година како јубилејна, ќе се претстават и сите досегашни победници во изминатите четири години, добитници на гран при наградата во натпреварувачкиот дел.
Вториот дел од фестивалот-натпреварувачкиот дел ќе се одржи исто така во КИЦ-Салон 19/19 на 12 април од 17:30 часот.
Со овој фестивал преку звукот на народните инструменти, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Инструментите на моите предци