По втор пат оваа година, Детскиот културен центар ,,Карпош’’ на 7ми Април ќе ја организира крос трката по повод Меѓународниот ден на здравјето.
Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот Скопје и околината.
Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк на 07.04.2023 година со почеток во 11:00 ч. и ќе се трча на 250 метри во мешана категорија, момчиња, девојчиња. Исто така ќе се одржи и штафетно трчање 200 метри 4x50 метри.
Целта на оваа манифестација е да го одбележиме меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака - Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот.