Детскиот културен центар „Карпош“ на 5 април од 11 часот ја организираше крос-трката по повод Меѓународната недела на здравјето.
На спортската манифестација учествуваа деца од 16 градинки од Скопје и околината.
Трката се одржа на тартан патеката во Градскиот парк. Децата трчаа на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Покрај трката имаше и штафетно трчање на 200 метри (4×50 метри).

Целта на оваа манифестација е да ја одбележиме Меѓународната недела на здравјето и да се испрати порака- Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот.



																															
					
По повод 7 ми Април, Меѓународниот ден на здравјето Ј.У. Детски културен центар - „Карпош“ во 2022 година за прв пат ја организираше КРОС ТРКАТА.
