Детскиот културен центар - „Карпош" и градот Скопје по четврти пат во Р.С. Македонија се организатори на првенството во шах за млади.
Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).
Првенството ќе се одржи на 4.11.2019 год. (понеделник) со почеток во 10 часот, во Свечената конгресна сала во хотелот Александар Палас.
На натпреварот од основните училишта има пријавено по 6 ученика додека од средните по 3 ученика.
Натпреварот ќе го водат шаховски судии и стручни лица од шаховската федерација на Македонија и шаховскиот сојуз на градот Скопје. Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Со темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).
На крајот на првенството ќе бидат прогласени по тројца најдобри во три „школски категории“ и најдобра претставничка на понежниот пол во категоријата.
Победниците ќе бидат наградени со медали, пехари и таблети. Покрај победниците исто така ќе бидат наградени и менторите.