Детскиот културен центар - „Карпош" и градот Скопје се организатори на првото издание на ПРВЕНСТВОТО ВО ШАХ ЗА МЛАДИ.
Првенството ќе се одржи на 26.10.2016 год. (среда) со почеток во 10 часот во големата сала во хотелот „Александар Палас“.
Учесници во првенството се ученици од средните и основните училишта од градот Скопје. Секое училиште треба да пријави по 5 ученика родени од 2000 та година и помали
Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).
Натпреварот ќе го водат шаховски судии кои ќе бидат одговорни за регуларноста и правилата, а во нивна придружба и главни шаховски судии,помошни судии како и стручни лица од шаховската федерација на Македонија и шаховскиот сојуз на градот Скопје.
Победниците ќе бидат наградени со:
- место: таблет, пехар, медал
- место: таблет, пехар, медал
- место: таблет, пехар, медал
Специјални награди за млади до 12 год.:
- место: таблет, пехар, медал
- место: стоковна награда, медал
- место: стоковна награда, медал
Покрај за победниците ќе биде доделена и една награда за ментор (таблет) чиј ученик ќе освои прво место на првенството.
Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата и овој спорт делува на психичкиот развој на нашите најмлади