На 31.8.2021 година Детскиот културен центар – „Карпош“, успешно ja реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ - културни активности на отворено.
На плоштадот „Карпошово востание“ со почеток од 19:00 часот, многубројната публика имаше можност да се запознае со активностите кои се реализираат во Детски културен центар „Карпош“ преку програма, изведена од членовите на секциите на Центарот.
Презентацијата и афирмацијата на сите активности кои егзистираат во Центарот, побуди интерес за запишување на нови членови во Центарот. На публиката на интересен начин им беа претставени секциите кои ги обединуваат сите уметности. Секоја секција се претстави со свои изведби, а детскиот градски хор со неколку песни направи публиката во ова тешко време, за момент да заборави на пандемијата и да се препушти на уметноста.
По трет пат оваа година имаше парада од домашни миленици кои учествуваа на третиот фото конкурс „МОЈОТ МИЛЕНИК“ кој беше објавен на нашата ФБ страна и на наше големо задоволство имаше голем интерес. За најуспешните фотографии бea доделени пофалници и награди за најсмешен, највесел, најбушав, најмал, најголем, миленик со најголеми уши, со најдолг опаш, со најкраток опаш, миленик со најголеми мустаќи, со најубави очи и со најубава насмевка, вљубен пар.
Во рамките на овој настан покрај наградите и пофалниците сите посетители имаа можност да добијат бесплатни ветеринарни совети од д-р Даниела И. Џуровска - Апостоловска, доктор по ветеринарна медицина - ЏИНО ВЕТ.
Културните активности на отвотрено се реализираа во повеќе општини во Градот Скопје и тоа: Општина Центар, Општина Аеродром, Општина Кисела Вода и Општина Карпош. Беа избрани фреквентни локации и имаше можност секој кој има желба да учествува во истите.
На наше големо задоволство интересот за учество особено за детските работилници беше огромен, но се водеше голема грижа за спроведување на истите согласно протоколите.
Во рамките на културните настани на отворено реализиравме две промоции на книги, кои се во наше издание. Едната се реализираше на сквер „Горан Стефановски“, а другата на кровот на ГТЦ.
Исто така се реализираше панел дискусија на тема „Фолклорот нема крај“.
Свои изведби имаа и детскиот градски хор кој направи публиката во ова тешко време, за момент да заборави на пандемијата и да се препушти на музичката уметност.
Во рамките на овие културни настани на отворено го одбележавме и значајниот јубилеј 100 години од раѓањето на Х. Т. Карпош, каде во Општина Карпош, нашата институција која го носи името на Карпош имаше пригодни активности посветени токму на него.
Исто така беа реализирани шаховски работилници, каде децата имаа ексклузивна можност да се запознаат со државниот првак во шах до 14 години Антон Златков, а тоа беше вистинско изненадување за нив