На 4 Јуни 2020 година, ЈУ Детски културен центар - „Карпош“, за прв пат ја реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“, online и ги промовираше и афирмираше своите активности и секции на достоен начин.
Заради новонастанатата ситуација со пандемијата со корона вирусот и препораките за заштита кои што доследно ги следиме, целокупниот програмски план зема сосема друг тек.
Имено целото сценарио беше креирано на начин каде што сите посетителите на нашата ФБ страна и YOU TUBE канал и во услови на пандемија, за момент ќе се оттргнат од секојдневието што го живеат во моментот во своите домови и одблизу да се запознаат со нашите секции и сѐ она што се нуди во Центарот.
На тој начин би имале комплетна претстава за нашите активности и им нудиме можност од септември слободното време на своите деца да го насочат во некоја од нашите секции согласно нивниот интерес.
Оваа година во рамките на оваа манифестација, го објавивме нашиот втор фото конкурс под наслов „МОЈОТ МИЛЕНИК“, каде во нашата електронска пошта пристигнаа голем број фотографии со миленици. Од сите пристигнати фотографии на вториот фото конкурс, беа избрани миленици и беа прикажани во текот на програмата која одеше online.
Задоволството беше заедничко, бидејќи членовите на нашите секции покажаа што работат во Центарот и повикаа на запишување нови членови со слоганот „Биди дел од нас“.
На крајот од овој голем предизвик за нас, коментарите на посетителите на нашата ФБ страна беа многу позитивни и сеуште го живееме моментот од успешната реализација на овој настан.
На општо задоволство на сите нас за момент го разигравме плоштадот и искрено се надеваме дека следната година ќе продолжиме со активностите, бидејќи со она што го презентиравме, разбудивме голем интерес кај децата, што со сигурност можеме да кажеме дека сме ја постигнале целта.