„РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ е манифестациа наменета за сите деца како и за младината и граѓаните на Скопје. Организатор и реализатор на овааа манифестација е Детски културен центар „Карпош“, во соработка со Град Скопје. Проект кој се одржува во временски период од јуни до септември на плоштадите Македонија и Карпошово востание во Скопје како и на помалку заборавени летни сцени кои преку овие активности на отворено заживуваат.
Целта на манифестацијата е заживување на просторот на плоштад Македонија и Карпошово востание како и на летни сцени и приближување на активностите како и промоција и афирмација на сите секции кои се реализираат во ДКЦ - „Карпош“.
ЈУ Детски културен центар - „Карпош “ на 1.6.2019 година успешно го реализираше првиот дел од манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ - 2019.
Во дворот на ДКЦ „Карпош“ од 11:00 часот, многубројната публика можеше да ужива во завршните изложби на ликовната и фотографската секција, кореографии од фолклорците и малите балерини, во песните изведени од хорот „Гласот на децата на Скопје“ и како гости настапија балетското студио „БАЛЕРИНА“.
За прв пат оваа година имаше парада од домашни миленици кои учествуваа на првиот фото конкурс „Мојот миленик“ кој беше објавен во сите основни училишта во Скопје.
Почетокот на вториот дел од „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ се одржа на плоштад „Карпошово востание“ на 30 август со почеток од 18:30 часот. Детски културен центар „Карпош“ ги промовираше своите активности, со програма, изведена од членовите на сите секции на центарот.
Децата, младите и скопската публика можеа да уживаат во македонските ора и песни, балетот, цртањето, пеењето на децата од хорчето „Гласот на децата на Скопје“.
Изведбите кои се одржаа на „Разиграниот плоштад“: едночасовни концерти, изведби на ора, балетски точки, хорско пеење и интерактивни работилници беа поделени во два дела.
Во првиот половина час, децата членови на ДКЦ „Карпош“ заедно со своите наставници, инструктори им се претставија на децата во публиката со дел од програмата која се работи на секциите во ДКЦ Карпош“. Со оваа манифестација подразбира интерактивно дружење, за кое сметаме дека воедно е и најпродуктивно. .