Традиционалната манифестација „СНЕЖЕН ГРАД“ - 2015 годинава се одржа на терените на Попова Шапка во хотелот „Славија“ - ЕЛЕМ од среда до недела, од 18-ти до 22-ри февруари 2015 година, додека пропратната манифестација „СНЕЖЕН КАРВАН“ се одвиваше во периодот од 22-ри до 28-ми февраури.
„СНЕЖНИОТ ГРАД“ и годинава го градеа деца, ученици од основните училишта од Скопје, и од друг градови во земјата.
Сите тие беа екипирани по десетина деца со свој ментор и го изградија својот град кој во неделата на 22-ри февруари со свечено отворање во 11:00 часот го предадоа на посетителите со што започна вториот дел на манифестацијата - „СНЕЖНИОТ КАРВАН“.
Во рамките на манифестацијата се одржуваа и други активности од креативно-рекреативен карактер, избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и, се разбира забава, во дискотека за учесниците на „СНЕЖНИОТ ГРАД“.