Од 3 до 6 мај, 2018 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 9 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.
Членови на жири комисијата се светски прочуени гитаристи.
Оваа година членови на жири комисијата, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:
- Никола Монтела - Италија;
- Зоран Аниќ - Србија;
- Џевдет Сахатчија - Хрватска, Косово;
- Николај Михајлов - Бугарија;
Претставници на комисијата од Македонија се:
- Дарко Багески;
- Борче Наумовски и
- Љубомир Наќески.
За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на публиката и годинава ќе се одржат три концерти:
- На 3 мај од 20:00 часот - во „Музејот на Македонската борба“ - Скопје,
- На 4 мај од 21:00 часот - во „Младински културен центар“ - МКЦ во Клуб и Ресторан,
- На 5 мај од 20:00 часот - во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19,.
- На 6 мај од 18:30 часот - во Концертна сала на ДКЦ - „Карпош“ ќе се одржи концерт на победниците по категории на натпреварот и доделување на наградите и признанијата.
Влезот за сите концерти е бесплатен!
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2018 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ТРЕМОЛО