Од 19 до 21 мај, 2017 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 8 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.
Членови на жири комисијата се светски прочуени гитаристи.
Оваа година членови на жири комисијата, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:
- Влатко Стефановски;
- Тони Китановски;
- Мартин Крајчо;
- Дејан Лазаревски;
- Миле Ѓорѓевски;
- Немања Клинчаров и
- Бојан Гажоски
За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат два концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 19 и 20 мај во 19:00 часот.
На 21 мај предвиден е настап на победниците на натпреварот во „Концертна сала“ на ДКЦ - „Карпош“ во 18:00 часот.
Влезот е бесплатен .
ПРОГРАМА
19 мај 2017 (петок)
Мартин Крајчо - Братислава, Р. Чешка
Дејан Лазаревски - Штип, Р. Македонија
„КИЦ“ Салон 19/19 од 19:00 часот
20 мај 2017 (сабота)
Тони Китановски - Скопје, Р. Македонија
Влатко Стефановски - Скопје, Р. Македонија
„КИЦ“ Салон 19/19 од 19:00 часот
21 мај 2017 (недела)
Концерт на победници по категории - класична гитара
ДКЦ „Карпош“, концертна сала од 18:00 часот
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2017 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ТРЕМОЛО