Од 24 до 27 март, 2016 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 7 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.
Членови на жири комисијата се светски прочуени гитаристи.
Оваа година членови на жири комисијата, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:
- Антонио Фрушела - Италија;
- Штефан Шмит - Германија;
- Џевдет Сахатчија - Косово;
- Зоран Аниќ - Србија;
- Борче Наумовски - Македонија и
- Миле Каровски - Македонија.
За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти, два концерта во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 24 и 25 март и еден концерт на 26 март во ФМУ – Концертна сала. На 27 март ќе се одржи настап на победниците на натпреварот во „Концертна сала“ на ДКЦ - „Карпош“ во 19:00 часот.
Влезот е бесплатен .
ПРОГРАМА
24 март 2016 (четврток)
Отворање на „ТРЕМОЛО“ - 2016 со настап на
Muckalica DUO
Зоран Аниќ (гитара), Ненад Љубенковиќ (хармоника)
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
25 март 2016 (петок)
Антонио Фрушела
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
26 март 2016 (сабота)
FMU GUITAR QUARTET
Oskar Eresh, Марко Цветковски, Георѓи Трајков, Вегим Кучи
ФМУ – Концертна сала од 20:00 часот
27 март 2016 (недела)
Концерт на победници на натпреварот.
ДКЦ „Карпош“, концертна сала од 19:00 часот
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2016 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ТРЕМОЛО