Од 1 до 6 декември, 2011, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 2 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.
Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:
- Герхард Рајхенбах - Германија,
- Зоран Краишник - Босна и Херцеговина / Србија,
- Срѓан Тошиќ - Србија и
- Џани Шеху - Босна и Херцеговина .
За победниците се предвидени вредни награди, и ќе се одржат три солистички концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 2, 3 и 4 декември и концерт на победниците во категории на „ТРЕМОЛО 2011“ на 5 декември од 20:00 до 21:30 часот.
Влезот е бесплатен .
ПРОГРАМА
2 декември 2011
Герхард Рајхенбах - Германија
Зоран Крајишник - Србија
Дарко Багески - Македонија
Ѓурај Алиорук - Турција
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
3 декември 2011
Дамјан Пејчиновски - Македонија
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
4 декември 2011
Гитарски квартет „Leggero“ - Хрватска
Саша Бабиќ, Емина Тривановиќ, Славен Спољариќ, Јурај Мајсторовиќ
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
5 декември 2011
Концерт на победниците во категории на натпреварот „ТРЕМОЛО 2011“
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2011 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ТРЕМОЛО