Таткото на модерната физика во еден наврат има изјавено:
„Ако сум видел подалеку од другите, тоа е затоа што сум застанал на рамениците на џинови“.
Убав начин да се каже дека знаењето е кумулативно и го стекнуваме постепено, дека во овој случај големиот Исак Њутон го препознал напредокот на научната заедница пред него, исто како што ние го препознаваме значењето на просветителството и образованието, посветеноста кон обликувањето на младите „ умови“ . Посебна чест е да се работи со деца, да се набљудува таква напредна генерација која е мотивирана кон големи успеси.
Многу нови пријателства бргу поминаа, се надеваме во иднина ќе бидат убав спомен од времето поминато во „Ученичка квизотека“.
Ве охрабруваме да учите и ве предизвикуваме со зборовите:
„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан“ – Исак Њутн.
Се гледаме на Ученичка квизотека 2024/2025
Детски културен центар - „Карпош“
На Ученичка квизотека 2023/2024 учествуваа 51 основни училишта кои низ целиот циклус се натпреваруваа и покажаа големо знаење. Уживајте во фотографиите од денешниот финален натпревар на кој победија пет основни училишта кои воедно беа и наградени со симболични, но за нив корисни и вредни награди.
I место - ООУ „Дане Крапчев“- Општина Гази Баба
II место - ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“- Општина Ѓорче Петров
III место - ООУ „Живко Брајковски“ - Општина Бутел
IV место - ООУ „Григор Прличев“ - Општина Гази Баба
V место - ООУ „Кузман Шапкарев“ - Општина Кисела Вода