За прв пат, ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“ на 19.6.2020 направи онлајн промоција на своето второ издание на музичко - едукативниот проект насловен како ЗОО АЗБУКА 2.
Се објавија аудиции на кои се избраа деца таленти што ги отпејаа песните за животните од нашата зоолошка градина.
Се отпејаа песни за: Ф – Фламинго, З – зебра, Л – лавови, А – антилопа, Ш – шимпанзо.
Заради состојбата со корона вирусот, целиот концепт за промоцијата завзема друг тек и се снимија видео записи за секоја песничка, како и едукативен дел преку кој зоо негователот Војо Иванов ја едуцираше публиката.
Исто така се создаде едукативна боенка која изобилува со креативност, а во склоп на боенката се наоѓа и нотна тетратка која може да се користи како нагледно средство во наставата по музичко и ликовно образование, како и македонски јазик.
Изгледот на боенката, како и омотот на ЦД се впечатливи и интересни за децата и претставуваат една целина.
Инспирирани, мотивирани и задоволни, подготвени сме за следното издание.
ИЗВЕДУВАЧИ - ДЕЦА НА ЗОО АЗБУКА 2:
- Ника Поповска – Фламинго
- Лина Лалчевска - Зебра
- Лара Трпчевска - Лавови
- Марија Симјановска - Антилопа
- Леона Бојкова - Шимпанзо
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ЗОО АЗБУКА