И оваа година Детски културен центар „Карпош“ со поддршка на Град Скопје успешно го промовираше и реализираше мултимедијалниот проект насловен како Зоо Азбука 5.
На наше големо задоволство Зоо Азбука 5 се реализираше успешно исто како и изминатите четири изданија ЗОО Азбука 1,2,3 и 4.

Проектот беше реализиран во Зоолошка градина на 10.06.2023 година од 11.00 часот. На промоцијата беа изведени песните од новото, петто издание на музичко едукативно ЦД со 5 нови песни и боенка.
Во ова издание на Зоо Азбука 5 се пееја пет нови песнички за животните: коњ, свиња, џиновска панда, игуана, хиена и ѕверови, животни кои се жители на Зоолошката градина.
Песните беа испеани од пет талентирани деца, а како придружбата на промоцијата учествуваше и хорот на ДКЦ „Карпош“, „Гласот на децата на Скопје“.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  
 ЗОО АЗБУКА


																															
					
ЗОО АЗБУКА е мултимедијален музичко едукативен проект кој преку музика и ликовна уметност има цел да ја подигне свеста кај децата, за животните кои се наоѓаат во нашата Зоолошка градина.
