ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ од 15 февруари до 6 мај 2019 година реализираше низа работилници од „Креативно ментерство“ во основни и средни училишта на територија на Град Скопје
Работилниците се развиваа во правец на интеграција на учениците во основните и средните училишта со експерти - ментори и низ серија предавања и посета на културни настани и проекти се постигна повисоко ниво на креативност и инвентивност, а сето тоа се преточи во завршен производ од областа на креативните индустрии.
Учениците имаа можност директно да се вклучат во општествените процеси, преку нивна директна ангажираност во полето на културата.
Учество земаа 3 средни училишта и тоа:
- гимназија „Орце Николов“ - Скопје, каде се одржуваа работилници за Стоп анимација,
- во гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје се реализираа работилници за изучување на стара техника за изработка на фрескоживопис,
- во гимназијата „Здравко Цветковски“ - Скопје се изучуваше техника мозаик.
Две основни училишта земаа учество и тоа:
- ООУ.„Гоце Делчев“ - Центар каде се работеше фотографијата и
- ООУ. „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар се реализираа работилници за мапети (за куклена претстава).
Вкупно беа опфатени 110 ученици кои имаа можност да ја истакнат својата креативност согласно својот афинитет, односно понудена работилница. Сите работилници на крајот финализираа со готови производи.