Работилниците КРЕАТИВНО МЕНТОРСТВО кој започнаа на 20 март и ќе траат до 31 мај се состојат од размена на знаење и искуство на релација ментор-ученик.
Низ низа предавања и работилници на претходно утврдени теми ,,Креативно менторство” е наменет за ученици од основните и средните училишта од Скопје и има за цел да ја сублимира креативноста и креативните потенцијали на младите, како основа за понатамошен раст и развој на ученикот. Учениците-учесници на овој проект со експерти–ментори низ серија предавања и посета на културни објекти и проекти ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност, а сето тоа ќе се преточи во завршен производ од областа на креативните индустрии. Учениците имаат можност директно да се вклучат во работилниците и предавањата и преку нивна директна ангажираност во полето на културата да ја постигнат посакуваната цел.
Целта на секоја работилница е да финализира со готов производ, а понатаму следи промоција, презентација, поврзување со можни стопански субјекти. На овој начин учениците ќе имаат можност да се вклучат во целокупниот процес на креирање и создавање т.е од идеја до реализација на идејното решение - производ.