Секое дете во себе носи потенцијал и талент за одредена уметност и затоа ЈУ Детскиот културен центар - „Карпош“ од 3 февруари до 10 март 2020 год. реализираше низа работилници од македонско народно творештво со проектот „Развиваме и градиме млади таленти“ во градинки и основни училишта на територија на Град Скопје
Учество зема градинка Срничка, клон Бамби каде што се изработија три работилници со две големи групи или вкупно 6 работилници. Учество во градинката Срничка земаа вкупно 54 деца.
Учество во проектот земаа и 3 основни училишта и тоа:
Во ООУ „Љубен Лапе“ - Аеродром се одржуваа работилници во четири паралелки во трето одделение и се одржаа по три работилници, или вкупно 12 работилници. Во ова училиште земаа учество вкупно 126 ученици.
Во ООУ „Димитар Македонски“ - Аеродром на повикот се пријавија ученици од четврто одделение. Во две паралелки се реализираа по три работилници, или вкупно 6 работилници. Учество земаа 63 ученици.
Во ООУ „Киро Глигоров“ - Центар се реализираше една работилница од предвидените три. Заради насоките кои ги даде Владата на РС Македонија, учениците да седат дома, ние како институција во соработка со училиштето решивме овие две останати работилници да ги реализираме „online“. Со помош на веб страната на училиштето и ангажирање на едукаторите, овие работилници беа успешно реализирани со самото објавување на информацијата на 19 март. Во ова училиште се пријавија трето одделенци и има само една паралелка. Вкупен број на ученици вклучени во работилниците е 32 ученика.
Сите ученици кои беа учесници на работилниците од македонско народно творештво добија сертификати. Интересот за ваков тип на креативни работилници беше огромен, со што можеме со сигурност да кажеме дека сме ја постигнале целта.