Од февруари до март 2019 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ организираше и реализираше низа работилници насловени како „Развиваме и градиме млади таленти“.
Оваа година акцентот беше ставен на македонското народно творештво.
Овие работилници се реализираа во две основни училишта: ООУ „Љубен Лапе“ - Аеродром и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар, и во една градинка „Бубамара“ - Аеродром.
Учениците од двете основни училишта беа на возраст од 8 години и вкупната бројка на ученици кои учествуваа во работилниците од двете основни училишта изнесува 220 ученици.
Беа вклучени сите ученици на ниво на актив на трето одделение, каде на таа возраст може да се открива, развива и гради талентот.
Бидејќи акцентот беше ставен на изучување на македонското народно творештво од еден друг агол, учениците беа мотивирани од едукаторите и ја научија техниката на изработка на филигран од срма, изучија македонска традиционална хумористична песна и направија прекрасен накит кој ќе го користат играорките од фолклорната секција при нашата институција.
Дечињата од градинката беа посебно мотивирани и овие активности беа адаптирани за нивната возраст. Деца учесници кои учествуваа во работилниците од градинката е 48.
Задоволството беше големо и од двете страни, кога се гледаат задоволни и среќни деца и ученици кои трпеливо и со многу љубов го запознаа македонското творештво преку практична работа.
На крајот се направи изложба од нивните трудови, а на родителите им приредија изненадување, пеејќи ја изучената хумористична народна песна проткаена со играчки фрагменти.