Работилниците од македонско народно творештво насловени како „Развиваме и градиме млади таленти“ се релизираат со деца од градинки и основни училишта од Град Скопје.
Осмислени се на начин кој ќе им биде интересен на децата, преку добро осмислени активности, предавање и работилници, кооперативни игри каде целта е да се развијат одредени вештини, а преку нив да се откријат и развијат нивните таленти. Преку правилно развивање на вештините се доаѓа до зголемување на самодовербата и пронаоѓање на себе си и својот талент, а тоа е од исклучително значење како за децата така и за општеството. Особено е важно кај децата да се поттикне истрајноста во реализирање на активностите.
Очекувањата од овие работилници се децата да станат свесни за себе и другите, да откријат дека талентот се гради и да се промовираат и афирмираат нивните таленти.
Учесниците на овие работилници од 1 Март до 1Април ќе имаат можност да изработат филигран од срма и да изработат моден додаток – брош со етно мотиви.