ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ традиционално се одржува во склоп на „Европската недела на движењето“ од 16 до 22 септември секоја година.

Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно. Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите нам и на милион останати низ Европа во „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“.

 

 DVIZI SE ZA ZDRAVJE ISTORIJA T

Низ целата „недела на движењето“ ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно.

Манифестацијата е од забавно рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст, и сите ние ќе се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен развој и раст кај децата, начин за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст, воедно ги учиме децата да стекнат навика да се занимаваат со спорт.

Децата преку вежбањето, движењата, ќе ја откријат брзината и вештината во поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација