ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Концепираноста на фестивалската програма во основа ја поддржува разноликоста која се сретнува во воспитно - образовниот процес во танцовите секции. Таа разноликост опфаќа широк спектар како класичен балет така и мноштво од современи стилови.

Организацијата и реализацијата на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација, запознавање со иновативната содржина во негување (обука) на танцот како уметничко средство на изразност и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност во Македонија.

Ова е прв балетски фестивал во нашата држава кој ги опфаќа сите категории на деца. Непостоењето на ваков фестивал кај нас ја актуелизира потребата за системски пристап кон вреднувањето на балетската уметност во сите возрасни категории.

Вреднувањето на талентите е неопходно и еден ваков фестивал ќе го унапреди и културниот живот во нашиот град. Фестивали од овој вид, постојат во сите важни европски градови и се исклучително посетени и високо вреднувани, бидејќи ја промовираат уметноста уште со првите чекори на нашите деца.

 

BALET MODEREN TANC istorija

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација