ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

По повод меѓународниот ден на жената - 8 март, Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје го организира музичко - креативниот настан „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“ како честитка за 8 март.

Преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење секоја година се одбележува овој празник.

Секоја година се организира традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Најмалите, децата од градинките, изработуваат, честитки и цртежи поврзани со темата: мајка, жена во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки, жената и која е нејзината улога во нивниот живот.

За децата од градинките се организира пригодна програма и секоја година на оваа манифестација имаме гостин, тоа е жена, мајка, сопруга, која раскажува за нејзината работа и професија, односно ќе докаже дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.

ZA MOJATA MAJKA ISTORIJA

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација