По 11 пат успешно заврши манифестација „Движи се за здравје' 2025 која е во рамките на Европската недела на мобилност.
Голема благодарност до сите градинки кои беа дел од оваа спортска активност како и до децата кои одлично ги поминаа сите поставени полигони и ни покажаа дека во нив секогаш има спортски дух и секогаш се спремни за спортски активности кои градат здрави животни навики за здрав раст и развој.
Голема благодарност до Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.