Оваа година по втор пат ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ го организираше и реализираше проектот „Фестивал на детски мјузикли“ кој се одржа од 3 до 5 јуни 2025 година, каде публиката можеше да ужива во живи изведби од светски познати детски приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
На 3 јуни од 18:00 часот премиерно беше изведен мјузиклот „Аладин и духот од волшебната ламба“, кој е на македонски јазик и беше изведен од талентираните членови на Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје. На 4 јуни од 19:00 часот исто така се изведе мјузиклот „Аладин и духот од волшебната ламба“ на македонски јазик, додека на 5 јуни се изведе детскиот мјузикл „Убавицата и зверот“ кој беше изведен на англиски јазик од талентираните ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје.
Како уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова која е прва во државата која го промовира мјузиклот како сплет од уметности и со голема љубов, страст и ентузијазам им го пренесува на младите генерации.
Главен покровител на овој фестивал е Град Скопје и Младински културен центар-МКЦ.