По петти пат оваа година ЈУ. Детски културен центар ,,Карпош’’ на 7 април на тартан патеката во Градскиот парк со почеток во 11:00 часот ја организираше крос трката по повод Светскиот ден на здравјето.
Како и секоја година на овој ден со најмалите, децата од градинките го одбележуваме овој ден, со фокус на најважниот темел за секое општество – здравјето.

Во оваа спортска манифестација учествуваа дечиња од градинките од градот и околината. Трката се трчаше на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така се трчаше и штафетно трчање 200 метри 4x50 метри.
Целта на оваа манифестација е да го одбележиме Светскиот ден на здравјето и да испратиме порака - Здравјето е темел на среќата и успехот, кога сме здрави – имаме сѐ!
По повод 7 ми Април, Меѓународниот ден на здравјето Ј.У. Детски културен центар - „Карпош“ во 2022 година за прв пат ја организираше КРОС ТРКАТА.
