КРОС ТРКА - ДЕН НА ЗДРАВЈЕ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

По петти пат оваа година ЈУ. Детски културен центар ,,Карпош’’ на 7 април на тартан патеката во Градскиот парк со почеток во 11:00 часот ја организираше крос трката по повод Светскиот ден на здравјето.

Како и секоја година на овој ден со најмалите, децата од градинките го одбележуваме овој ден, со фокус на најважниот темел за секое општество – здравјето.

KrosTrka2026

Во оваа спортска манифестација учествуваа дечиња од градинките од градот и околината. Трката се трчаше на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така се трчаше и штафетно трчање 200 метри 4x50 метри.
Целта на оваа манифестација е да го одбележиме Светскиот ден на здравјето и да испратиме порака - Здравјето е темел на среќата и успехот, кога сме здрави – имаме сѐ!

КРОС ТРКА - ДЕН НА ЗДРАВЈЕ

KROS TRKA 400x300По повод 7 ми Април, Меѓународниот ден на здравјето Ј.У. Детски културен центар - „Карпош“ во 2022 година за прв пат ја организираше КРОС ТРКАТА.

Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот Скопје и околината.

Трката се одржува во неколку категории: трка на 250 метри во мешана категорија, момчиња, девојчиња и штафетно трчање на 200 метри - 4x50 метри.

Целта на оваа манифестација е да го одбележиме меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака - Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесе за долг и здрав живот.

 

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација