Предучилишниот период на детето е сетилен развој со кој се обидува да го запознае и разбере светот околу себе.
Во тој ран период се развива чувства на припадност, сигурност и колективизам преку достигнувања во когнитивните, социјалните и моторичките вештини.
Во текот на предучилишниот развој децата, преку игра и интеракција учат. Интерактивните игри како квизот „Бамбини“ му дава можност на детето да ги научи и практикува основните социјални, емоционални вештини за решавање проблеми што ќе ги користи во текот на неговото школување и воопшто во неговиот животен развој, а сите деца учат на свој уникатен начин, посебно од интерактивни средби сеопфатно се извлекува најдоброто од детето.
Квизовите во градинката се природно продолжение на претходното учење, односно - концептот на детска градинка која работи според програмата за рано учење и развој.