Во Старата скопска чаршија од 17-ти до 19-ти јуни ЈУ. Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје по втор пат ја реализираше манифестација „Ритамот на чаршијата“.
Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје која е заштитен национален симбол е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации во Скопје. Прошетката низ нејзините калдрмени улици е магија преку која и денес може да се почувствува минатото – духот на градот.