„СНЕЖЕН ГРАД“ е најмасовната детска манифестација од државен карактер што се одржува во втората половина на месец февруари во организација и реализација на ЈУ Детски културен центар - „Карпош“.
Оваа манифестација прв пат е одржана во 1969 година..
Маниферстацијата е од сложен карактер, креативно - рекреативен и едукативен. Основна цел во оваа манифестација е правење снежни објекти и фигури.
- Организатор: Детски културен центар - „КАРПОШ” Скопје
- Тип: Традиционална детска меѓународна манифестација од отворен тип
- Карактер: Креативно-рекреативен
- Вид: Сложена од повеќе активности и области
- Мото: ОСМО СНЕЖНО СВЕТСКО ЧУДО
- Цел: Поттикнување на детската креативност, чувство на одговорност и колективизам како и рекреација
УЧЕСНИЦИ:
- Градители: деца, наставници, организатори
- Посетители: деца, наставници, возрасни (организирани групи - училишта и поединци)
ВРЕМЕ:
- Прв дел: од 11.2.2013 до 16.2.2013 - „СНЕЖЕН ГРАД“ (градба)
- Втор дел: од 16.2.2013 до 21.2.2013 - „СНЕЖЕН КАРВАН“ (посета на градот)
ЕКИПИ:
- 13 до 15 организирани екипи или 150 до 250 учесници вкупно
Децата од Македонија со нетрпение очекуваат да го видат снежното чудо наречено „СНЕЖЕН ГРАД“, манифестација која досега, барем по бројот на оние што учествувале и за оние што е наменета, можеме слободно да речеме, најмасовна во Македонија. За тоа зборуваат бројките на хрониката, а тоа се: преку 3.000 градители или непосредни учесници; повеќе од 200.000 посетители, само во еден ден (16.2.1980), 11.000 рекордни посетители. Со такви импозантни бројки ретко која манифестација во Македонија може да се пофали. Традицијата се повторува и со тоа што некогашните градители, сега ги носат своите деца да го видат „СНЕЖНИОТ ГРАД“
Децата го сакаат снегот и од него прават чуда. Прават ОСМО СНЕЖНО СВЕТСКО ЧУДО од снегот што сонцето го топи, но срцето го чува.