ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 27 мај до 3 јуни 2025 година како и секоја година успешно го организираше и реализираше Фестивалот на детската креативност „Трамболини“.
По шести пат фестивалот „Трамболини“ се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ја разви креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.
На фестивалот учествуваа деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде совладаа нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. На овој фестивал децата уживаа во работилници за личен развој, изработка на моден детал од глина, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“ и како за крај на фестивалот, публиката имаше можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Аладин и духот од волшебната ламба“ во изведна на талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје,.
Работилниците беа од различни области и се реализираа на различни локации низ Град Скопје.
Фестивалот Трамболини беше поддржан од Град Скопје, а како помагатели на овој фестивал се Виталиа која е верен наш поддржувач сите овие години со своите здрави производи и Маya вода која обезбедува разладување за сите учесници и посетители од постоењето на фестивалот.
Оваа 2025 година по шести пат на фестивалот за детска креативност Трамболини повторно видовме насмеани, среќни детски лица кои станаа побогати со знаење од областа на културата и уметноста.