ТРЕМОЛО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за ги­та­ра „Тре­мо­ло“ го ре­а­ли­зи­ра сво­е­то 13-то из­да­ние од 1 до 8 јуни, во ор­га­ни­за­ци­ја на Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“, со под­др­шка на Град Скоп­је. На за­до­волс­тво на пуб­ли­ка­та, и го­ди­на­ва ќе се одр­жат не­кол­ку кон­цер­ти, тра­ди­ци­о­нал­ни­от ин­тер­на­ци­о­на­лен нат­пре­вар за кла­сич­на ги­та­ра во си­те уче­нич­ки, сред­но­школ­ски и сту­дент­ски ка­те­го­рии, ка­ко и ма­стер­ча­со­ви.

Натпреварите ќе се одржуваат онлајн од 1- 5 јуни, а во интернационалното жири годинава членуваат врвни музички професионалци: Џевдет Сахатџија, Стефан Трифан, Хозе Карлос Гомез, Стела Динкова, Зоран Анич, Ерхан Мујка, Борче Наумовски и Љубомир Наќевски.   

Tremolo 2022

Во живо ќе се одржат неколку концерти.

Првиот е на 4 јуни на гитаристот Лука Романели, минатогодишен победник на „Тремоло“, во „Даут пашиниот амам“ во 19,30 часот. На 6 јуни концерт ќе одржи Милош Вуковиќ во Музејот на македонска револуционерна борба од 19.30 часот. На 7 јуни е закажан концертот на Хозе Карлос Гомез во Македонската филхармонија од 19,30 часот. Последниот во серијата концерти е на 8 јуни на Горан Кривокапиќ во Македонската филхармонија во 19,30 часот.

Инаку, овој фе­сти­вал е прв по­све­тен на умет­но­ста на кла­сич­на­та ги­та­ра во на­ша­та зем­ја. Низ го­ди­ни­те пре­рас­на во пре­стиж­на кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја што ги обе­ди­ну­ва љу­би­те­ли­те на кла­сич­на­та ги­та­ра. Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“ има дол­га и бо­га­та тра­ди­ци­ја во од­нос на ор­га­ни­за­ци­ја­та на го­лем број кул­тур­ни на­ста­ни и ма­ни­фе­ста­ции, за кои све­до­чат мно­гу­број­ни­те приз­на­ни­ја и на­гра­ди, а со овој фе­сти­вал, кој е под­др­жан и од Град Скоп­је, ја збо­га­ти до­маш­на­та кул­тур­на сце­на.

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧНА ГИТАРА - „ТРЕМОЛО“, историја

LOGO TREMOLO 400x300Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон...

Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат.

Така е насловен и Меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Тремоло

или на веб страната на ТРЕМОЛО.

Mеѓународниот фестивал за класична гитара и натпревар „ТРЕМОЛО“, за прв пат одржан во ноември 2010 година. Се одржува во почетокот на месец јуни и трае три до четири дена.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација