УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Таткото на модерната физика во еден наврат има изјавено:
„Ако сум видел подалеку од другите, тоа е затоа што сум застанал на рамениците на џинови“.

UcenickaKvizoteka2024

Убав начин да се каже дека знаењето е кумулативно и го стекнуваме постепено, дека во овој случај големиот Исак Њутон го препознал напредокот на научната заедница пред него, исто како што ние го препознаваме значењето на просветителството и образованието, посветеноста кон обликувањето на младите „ умови“ . Посебна чест е да се работи со деца, да се набљудува таква напредна генерација која е мотивирана кон големи успеси.
Многу нови пријателства бргу поминаа, се надеваме во иднина ќе бидат убав спомен од времето поминато во „Ученичка квизотека“.
Ве охрабруваме да учите и ве предизвикуваме со зборовите:
„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан“ – Исак Њутн.
Се гледаме на Ученичка квизотека 2024/2025
Детски културен центар - „Карпош“
На Ученичка квизотека 2023/2024 учествуваа 51 основни училишта кои низ целиот циклус се натпреваруваа и покажаа големо знаење. Уживајте во фотографиите од денешниот финален натпревар на кој победија пет основни училишта кои воедно беа и наградени со симболични, но за нив корисни и вредни награди.
I место - ООУ „Дане Крапчев“- Општина Гази Баба
II место - ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“- Општина Ѓорче Петров
III место - ООУ „Живко Брајковски“ - Општина Бутел
IV место - ООУ „Григор Прличев“ - Општина Гази Баба
V место - ООУ „Кузман Шапкарев“ - Општина Кисела Вода

УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА, историја

UCENICKA KVIZOTEKA 400x300Долгогодишен соработник во оваа рубрика беше Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи на РМ, и прашањата за децата беа од областа на сообраќајот. Во годините назад имаше прашања по разни поводи, годишнини, по избор на учениците.

На еден натпревар присуствуваат вообичаено 4 училишта, понекогаш и пет. Екипите се составени од 3 натпреварувачи и се подразбира наставник кој ќе ја води екипата.

Квизотеката се состои од 4 рубрики.

Првата рубрика се вика Да или Не. Во воведниот дел на квизотеката кога ги претставуваме натпреварувачите напоменуваме дека првата рубрика содржи општи прашања, духовити, неформални, а со тоа сакаме да ги опуштиме, бидејќи Ученичката квизотека е замислена како форма во која учениците и наставниците од разни делови на Скопје ќе се запознаваат, дружат  ...

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)