Во ЈУ. Детски културен центар - Карпош на 3 јули 2025 година во 11:00 часот започна со реализација и незаборавна промоција на едукативниот книжевен проект насловен како „ЗОО приказни“. Со нови раскази преточени во анимиран филм за животните кои се жители на Зоолошката градина-Скопје се промовираше мултимедијалниот проект „Зоо приказни“ на кој главен покровител е Град Скопје.



																															
					
ЗОО ПРИКАЗНИ е едукативен книжевен проект каде пишаниот збор има цел да ја подигне свеста кај децата кои преку приказна би ги запознале животните кои се наоѓаат во нашата Зоолошка градина.
