КРЕАТИВНО МЕНТОРСТВО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Инспирација за овој проект е една африканска мисла која вели: „Ако сакаш да одиш брзо, чекори сам. Ако сакаш да стигнеш далеку, чекори со некого“.

ЈУ Детскиот културен центар - „Карпош“ од февруари до мај 2020 година реализираше низа работилници од проектот „Креативно ментерство“, односно размена на знаење и искуство на релација ментор - ученик. Проектот се реализираше во основни и средни училишта на територија на Град Скопје

Работилниците се развиваа во правец на интеграција на учениците во основните и средните училишта со експерти - ментори и низ серија предавања и посета на културни настани и проекти се постигна повисоко ниво на креативност и инвентивност, а сето тоа се преточи во завршен производ од областа на креативните индустрии.

Учениците имаа можност директно да се вклучат во работилниците и предавањата и преку нивна директна ангажираност во полето на културата да ја постигнат посакуваната цел.

Учениците кои беа одбрани и работеа на проектите со помош на ментор имаа потреба да го надградат и развијат своето знаење, да научат нешто ново, да се пронајдат себе си за на крај да ја промовираат својата работа.

Учество земаа 3 средни училишта и тоа:

  • во гимназијата „Орце Николов“ - Скопје се одржуваа работилници за дигитална фотографија,
  • во гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје се реализираа работилници за изучување на техника мозаик,
  • во гимназијата „Здравко Цветковски“ - Скопје се изучуваше стара техника за изработка на фрескоживопис.

 

Две основни училишта земаа учество и тоа:

  • ООУ.„Киро Глигоров“ - Центар каде се реализираа работилници за изработка на кукли за куклена претстава на тема „Тоа сум јас“ и
  • ООУ. „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар каде се реализираа работилници Стоп анимација.

 

Вкупно беа опфатени 120 ученици кои имаа можност да ја истакнат својата креативност согласно својот афинитет, односно понудена работилница. Сите работилници на крајот финализираа со готови производи.

Дел од работилниците кои беа планирани за месец април, заради состојбата со корона вирусот се реализираа со учење на далечина, со поддршка на платформите кои веќе ги користат учениците во редовната настава која ја реализираат на далечина и со поддршка на едукаторите кои го дадоа својот максимум во изведба на овие креативни работилници.

Мораме да истакнеме дека учениците беа пресреќни кога ги контактиравме за продолжување на работилниците со што им покажавме дека го вреднуваме нивниот труд.

Исто така оние малку работилници кои се реализираа „online“, кај учениците предизвикаа голем интерес и со љубов и трпение пристапија кон завршување на своите започнати први ремек дела од сите области кои беа понудени.

Интересот за ваков тип на креативни работилници од година во година расте, со што можеме со сигурност да кажеме дека сме ја постигнале целта. Ученици покажаа дека им треба едно вакво освежување и со голем ентузијазам доаѓаат на работилниците


KREATIVNO MENTORSTVO 2020

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

РАБОТИЛНИЦА „КРЕАТИВНО МЕНТОРСТВО“

K MENTORSTVO 400x300

Работилниците за „КРЕАТИВНО МЕНТОРСТВО“ се наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје и имаат цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали како основа за понатамошен раст и развој на ученикот.

Креативноста претставува нераскинлив дел на човекот и со нејзино отсуство не е возможно да се постигне иновативност.

Сведоци сме на постојаните потреби на формално и неформално образование и токму затоа нашата цел е да го насочиме вниманието кон овој креативен сегмент и на тој начин да се обидеме да делуваме на квалитетот на образовниот процес.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)