Детски културен центар - „Карпош“ и Град Скопје на 1 април 2019 год. (понеделник) од 11:00 до 16:00 часот на плоштад Македонија, ќе организира невидена детска журка, „АПРИЛИЈАДА - СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ - 2019, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.
Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ - „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен.
Ќе се користи хаштаг за инстаграм албум: #aprilijada. Многу насмевки за децата и музички дел со мото: од дете за дете.
Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди и врвни признанија во својата категорија, а тоа се децата со Даунов синдром од Трисомија21.
Оваа година Плоштадот ќе биде поделен во неколку зони каде ќе има најразлични активности за посетителите. Ве очекуваат и други изненадувања кои нема сега да ги откриваме, па затоа ќе мора да дојдете и да ги видите.
Манифестацијата АПРИЛИЈАДА - „Скопје се смее“ 2019 е поддржана од Град Скопје и Градоначалникот г-дин Петре Шилегов.
ДКЦ - „КАРПОШ“ КАКО СЕКОЈА ГОДИНА И СЕГА ОБЈАВУВА КОНКУРСИ ДО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА НАЈДОБРА МАСКА И КАРИКАТУРА ЗА КОИ СЛЕДУВААТ ДИПЛОМИ КОИ ЌЕ СЕ ДОДЕЛАТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА!
Бонус забава од 16:00 до 19:00 часот, исто така на Плоштад Македонија, со младите таленти: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, и еминентните музички уметници: Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири и музичкото училиште Music House.
Забавата продолжува со DJ Ampov за сите „големи деца“ од 17:00 часот на Плоштад Македонија.
Водител на забавата: Мартин Трпчевски.
Ве очекуваме во ГРАДОТ НА НАСМЕВКИТЕ !!!