ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧЕН БАЛЕТ И МОДЕРЕН ТАНЦ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ. Детскиот културен центар – Карпош со успешна организација и реализација го заврши петтото јубилејно издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц кој се одржа од 10 – 12 јуни 2025 година. Овој балетски фестивал е единствен од ваков тип кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и современиот танц, нагласи директорката на ДКЦ Карпош, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска и со овие зборови го прогласи фестивалот за отворен. 

Наградата за животно дело оваа година постхумно беше доделена на Ѓорѓи Македонски, основоположникот на балетската уметност во нашата држава, а наградата со големо задоволство, среќа и солзи во очите ја прими неговата внука. Од оваа година организацискиот одбор на фестивалот едногласно одлучи наградата да биде именувана „Ѓорѓи Македонски“ и истата и беше доделена на Рисима Рисимкин за авангарден претставник во современата танцова едукација и творештво.
На 10 јуни во 20:00 часот со настапот на малите балерини, членови на балетската секција при ДКЦ Карпош свечено се отвори овој единствен фестивал. Покрај двете фестивалски вечери се одржаа и две работилници посветени на класичниот балет и модерниот танц. Извонредни и талентирани танчери, балерини, уметници… Спој на луѓе кои живеат и придонеле за македонската танцова уметност и оние кои ќе бидат иднината на танцовата уметност. На двете фестивалски вечери пред публиката настапија, балерините при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, гостите од странство Istanbul Junior Ballet од Турција и Канада, Катедрата за Современ танц и Балетска педагогијa при УГД – Штип, балетско студио Балерина и солисти од Националната опера и балет.

2025 BALET MODEREN TANC


Статуетките и оваа година беа изработени специјално за Фестивалот за класичен балет и модерен танц од M Аrt Gallery, а како поддржувачи оваа година беа и Mayo store, а учениците од СУГС „Димитар Влахов“ се погрижија за шминката и фризурите на дел од учесниците.
Фестивалот се организираше со поддршка на Градот Скопје како и Министерството за култура и туризам на РСМ.

 

 

ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧЕН БАЛЕТ И МОДЕРЕН ТАНЦ, историја

BALET MODEREN TANC 400x300Концепираноста на фестивалската програма во основа ја поддржува разноликоста која се сретнува во воспитно - образовниот процес во танцовите секции. Таа разноликост опфаќа широк спектар како класичен балет така и мноштво од современи стилови.

Организацијата и реализацијата на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација, запознавање со иновативната содржина во негување (обука) на танцот како уметничко средство на изразност и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност во Македонија.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација