Оваа година манифестацијата „Го градам мојот град“ се одржа во знакот од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028. ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организираше манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници беа децата од предучилишните установи. Оваа манифестација се одржува на 13 Ноември и е во чест на Градот Скопје.
„Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за градот Скопје.
Секоја градинка учествуваше со по 5 деца, а објектот и градежниот материјал беше по избор на градинките. Децата за макетите користеа:коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца, камчиња, односно се што нуди природата. Манифестацијата „Го градам мојот град “-2023 се одржа во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ на 13 ноември (понеделник) со почеток од 10,00 часот.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници