По повод 8 март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе биде организиран музичко креативен настан „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“, 2022.
Традиционално и оваа година децата преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење ќе го одбележат денот на жената.
Главниот настан ќе се одржи на 5.3.2022 година во Кинотека со почеток во 12:00 часот каде децата низ танц и музика ќе упатат честитки кон сите жени, а особено кон своите мајки.
Манифестацијата продолжува на 7.3.2022 година со почеток во 13:00 часот и во пресрет на празникот, во соработка со ООУ „Киро Глигоров“, Скопје ќе има креативно пишување на тема „Со љубов за сите жени“ и литературно поетско читање на поезија наменета за жената.
Затвoрањето на манифестацијата ќе биде на 8.3.2022 година со традиционалната изложба на цртежи од деца од предучилишните установи во Град Скопје и околината кои учествуваа на Конкурсот објавен на тема „Цртам за мојата мајка“.
Децата од градинките изработија, честитки и цртежи на темата „Жена - мајка“, во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги доживуваат своите мајки и која е улогата на мајката во нивниот живот и секако жената воопшто.
Изложбата со детските творби ќе биде поставена во просториите на ДКЦ „Карпош“ а ќе биде презентирана и онлајн на 8.3.2022 година во 10:30 часот на ФБ страната и YouTube каналот на Центарот, за да ја погледне и пошироката публика.