Детски културен центар - „Карпош“, по повод 8 март, меѓународниот ден на жената, организира годишен фолклорен мултимедијален концерт „Играм и пеам за мојата мајка“.
ДКЦ „Карпош“, со фолклорната секција, како верен чувар и продолжувач на македонскиот фолклор и традиција, претставени преку песната и орото, ќе се представи пред сите љубители на македонската фолклорна ризница.
На концертот ќе учествуваат повеќе од од 300 деца, членови на фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, на возраст од 5 до 19 години. По тој повод Ве покануваме на 6.3.2014 година, во 19:00 часот во Универзална сала.
По овој повод, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ ќе биде реализирана и традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Изложбата ќе биде отворена во просториите на Центарот на 7.3.2014 година со почеток во 10:00 часот.
За децата од градинките е организирана пригодна програма на која ќе со песна и разговор за нејзината професија ќе им се претстави Андријана Јаневска .