Во Детскиот културен центар-„Карпош“ на 08.03.2024 година во 10:00 часот
беше отворена изложба на цртежи и честитки со тема - Цртам за мојата мајка, изработени од деца од детските градинки од Скопје.
Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.
На наша покана до сите градинки, пристигнаа ликовни творби кои ги изработија децата, од кои може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жена и која е нејзината улога во нивниот живот.
За децата од градинките беше организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ Карпош беше Марија Дојчиновска вработена како зоонеговател во Зоолошката градина во Скопје, која им раскажа за нејзината работа со животните кои се жители на ЗОО односно им раскажа дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.