СЕКЦИЈА ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНО ТВОРЕШТВО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

multimedijalno tvorestvo 400 400Основната идеја на секцијата за мултимедијално творештво е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме според желбите и потребите на децата. Затоа сме тука да ги слушнеме, да создаваме, пееме, снимаме со нив и за нив.

Пеењето и учењето различни мелодии на нашите часови ќе се изведува со голема радост и ентузијазам.

За нас е важно на секое дете да му посветиме целосно внимание, за да го развие својот целосен музички потенцијал. Преку различни техники и преку работилници ќе го усовршуваме детскиот талент и ќе компонираме песна. Најзабавниот дел од нашата програма е снимањето во студио и слушањето на сопствениот глас во радио реклама. Можеби ќе им ја отвориме вратата на децата за успешна музичка кариера или за радио водителство, а ќе имаат убаво сеќавање кое засекогаш ќе биде запаметено.

Децата ќе имаат можност да научат:

  • СНИМАЊЕ КАВЕР НА МАКЕДОНСКИ ПОП ХИТ - (естрадно пеење)
  • СНИМАЊЕ КАВЕР ОД СТРАНСКИ ХИТ - (естрадно пеење)
  • СНИМАЊЕ ПРАТЕЧКИ ВОКАЛИ ВО ПЕСНА - (практичен пример)
  • СНИМАЊЕ ДУЕТ - (практичен пример)
  • КАКО СЕ ПРАВИ ЦЕЛА ПЕСНА ВО СТУДИО? – Компонирање, аранжирање, снимање инструменти, пеење и миксање
  • СНИМАЊЕ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ – гитара, бас, пијано, тапани
  • КОМПОНИРАЊЕ ДЕТСКА ПЕСНА – креативна работилница со познати песни
  • ПРАВЕЊЕ DJ РЕМИКС – гостин DJ
  • КАКО СЕ ПРАВИ РАДИО РЕКЛАМА? - (составување текст, дикциско читање, снимање, миксање со музика и ефекти) - гостување на спикер
  • КАКО СЕ СИНХОНИЗИРА „ОФФ-ТОН“? – гостин актер / синхронизатор
  • „ОФФ ТОН“ ЗА АНИМИРАН ЛИК - (цртан филм)
  • РАБОТА СО ПЛАГИН AUTOTUNE - (вокален ефект роботски како Шер) и разни ефекти на глас
  • ПРАВЕЊЕ ПОДКАСТ ЗА YOUTUBE - (подготовка на текст на зададена тема, снимање на видео запис во студио, миксање со музика)
  • ПРАВЕЊЕ ВИДЕО ЗАПИС НА ХРОМА – со гостин видео монтажер

 

Термини во договор со едукатор.

 alkaloid logo

Секцијата за мултимедијално творештво е поддржана од АД Алкалоид Скопје.

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време      
Инструктор      
Членарина      

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - секција за мултимедијално творештво

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација