Големите потези на малите мајстори ќе ги научите токму во шаховската секција на Детскиот културен центар - „Карпош“.
Откријте ги тајните на шахот преку игра и дружење!
Програмата е прилагодена на сите нивоа на знаење и преку индивидуализирана настава и специфична содржина придонесува за подобрување на играта шах и рамномерен развој на целата личност!.
Логика, комбинаторика, имагинативност, имагинација, креативност, интуиција, упорност, истрајност, се само некои од предностите што децата ги носат во магичниот свет на шах.
Преку игра и постепено запознавање со тајните на шахот, децата ќе откријат:
- која е суштината на шахот
 - каква е логиката во играта на шах
 - кои се основните фази на шаховската игра
 - каков е планот на играта во одделни фази на играта
 - како конкретно да се применуваат стратешките и тактичките принципи во текот на играта
 - каква е улогата на времето во шаховска игра
 - што претставува психолошка проценка на текот на играта и партнерот со кој играте
 - како да се подготвите за одредена забава
 - како да изградите свој стил на игра
 
Ве очекуваме секој вторник и четврток од 17:00 до 20:00 часот. Месечна чланирани 1.500 денари
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | секој вторник и четврток од 17:00 до 20:00 ч. | |||
| Инструктор | Јовица Николовски | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина | 
| ПРЕВЗЕМЕТЕ -  | 



																															
					
