Основната идеја на секцијата за мултимедијално творештво е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме според желбите и потребите на децата. Затоа сме тука да ги слушнеме, да создаваме, пееме, снимаме со нив и за нив.
Пеењето и учењето различни мелодии на нашите часови ќе се изведува со голема радост и ентузијазам.
За нас е важно на секое дете да му посветиме целосно внимание, за да го развие својот целосен музички потенцијал. Преку различни техники и преку работилници ќе го усовршуваме детскиот талент и ќе компонираме песна. Најзабавниот дел од нашата програма е снимањето во студио и слушањето на сопствениот глас во радио реклама. Можеби ќе им ја отвориме вратата на децата за успешна музичка кариера или за радио водителство, а ќе имаат убаво сеќавање кое засекогаш ќе биде запаметено.
Децата ќе имаат можност да научат:
- СНИМАЊЕ КАВЕР НА МАКЕДОНСКИ ПОП ХИТ - (естрадно пеење)
- СНИМАЊЕ КАВЕР ОД СТРАНСКИ ХИТ - (естрадно пеење)
- СНИМАЊЕ ПРАТЕЧКИ ВОКАЛИ ВО ПЕСНА - (практичен пример)
- СНИМАЊЕ ДУЕТ - (практичен пример)
- КАКО СЕ ПРАВИ ЦЕЛА ПЕСНА ВО СТУДИО? – Компонирање, аранжирање, снимање инструменти, пеење и миксање
- СНИМАЊЕ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ – гитара, бас, пијано, тапани
- КОМПОНИРАЊЕ ДЕТСКА ПЕСНА – креативна работилница со познати песни
- ПРАВЕЊЕ DJ РЕМИКС – гостин DJ
- КАКО СЕ ПРАВИ РАДИО РЕКЛАМА? - (составување текст, дикциско читање, снимање, миксање со музика и ефекти) - гостување на спикер
- КАКО СЕ СИНХОНИЗИРА „ОФФ-ТОН“? – гостин актер / синхронизатор
- „ОФФ ТОН“ ЗА АНИМИРАН ЛИК - (цртан филм)
- РАБОТА СО ПЛАГИН AUTOTUNE - (вокален ефект роботски како Шер) и разни ефекти на глас
- ПРАВЕЊЕ ПОДКАСТ ЗА YOUTUBE - (подготовка на текст на зададена тема, снимање на видео запис во студио, миксање со музика)
- ПРАВЕЊЕ ВИДЕО ЗАПИС НА ХРОМА – со гостин видео монтажер
Термини во договор со едукатор.
Секцијата за мултимедијално творештво е поддржана од АД Алкалоид Скопје.
Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
Време | ||||
Инструктор | ||||
Членарина |
ПРЕВЗЕМЕТЕ - ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - секција за мултимедијално творештво